Следува уште постуден бран: Наутро очекуваме температури до, па и под -10 степени! Дневна
Територијата на нашата Република Македонија до крајот на оваа седмица ќе биде под влијане на многу ладен воздух од истокот и од североистокот на Европа, кој особено ќе го чувствуваме во ноќните и во утринските часови кога минималните температури на воздухот насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата.
Особено во Беровскиот регион, повисоките места, планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурите наутро ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 9 степени. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, а до крајот на денов ќе засилува ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време.
Kраткотрајно повеќе облачност ќе имаме во петок, кога особено во југоисточните предели ќе има појава на слаби локални врнежи од дожд или од дожд и од снег. (Meteoalarm)