„Слободен печат“: Голема трагедија рано утрово на Детската клиника во Скопје почина 14 месечно девојченце

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе, дознава ,,Слободен печат”.

Како што посочуваат вознемирени извори кои работат на Клиниката, бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника. Тоа за Слободен печат, освен дел од вработените, го потврди и таткото на починатото девојче, Р.С.

Тој за Слободен печат рече дека поседува видео снимка од доктор, која ја снимил ноќеска во Детската Клиника, на која го прашува докторот дали за неговото дете имало спас, доколку било навремено хоспитализирано, на што докторот му дал потврден одговор. Таткото бил исклучително вознемирен и како што и самиот ни кажа, утринава го скршил компјутерот со глава на Детската Клиника после што дошла и полиција. Според неговите зборови наишол на разбирање од полициските службеници, бидејќи и тие прашале зошто бебето навремено не било хоспитализирано.

Директорот на Клиниката доктор Реџеп Мемеди во телефонски разговор  потврди дека почнало бебе рано утринава, но дека сите органи работат на утврдување на причините.

Запрашан дали е точна нашата информација дека на одделението за интензивна нега дежураат лекари од други оддели во болницата, со различни специјалности и дали тие имаат доволна обука за интубација и најкомплесните процедури за спасување на детските животи, Мемеди рече дека така било 20 години и постојано на Интензивна нега дежурачи биле лекари од други оддели.

Детали за трагедијата процитајте тука

 

Back to top button
Close