Словачка ќе и испрати на Украина aвиони МиГ-29

Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска соопшти дека неговата Влада го одобрила планот на Украина да и испрати борбени авиони МиГ-29.

Хегер истакна дека Владата едногласно одлучила да му испрати на Киев авиони од советската ера кои веќе не ги користи.

Со оваа одлука Словачка стана втората земја – членка на НАТО која одговори на упорните барања на Киев за испраќање воени авиони.

Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера најави дека неговата земја на Украина ќе и испрати десет авиони МиГ-29.

Back to top button
Close