Смена на директори на клиники на Мајка Тереза.Таравари за нови директори препишува од тефтерчето на Мицковски

Речиси сите клиники ке добијат медицински директори по партиски клуч а не како што премиерот Мицковски зборуваше дека тој ке се залага за професионалци а не поставување кадри според партиската припадност.

Минатата недела на клиниката за пулмологија вработените биле вознемирени од информацијата дека партиската метла ќе го смете од директорката позиција на клиниката еминентниот пулмолог професор др Деан Докич. Вработените ги изреволтирала информацијата на местото на проф.др Докич да седне др.специјалист педијатар Оливер Зафировски вработен во болницата во Козле инаку како што навел и на неговиот фб профил член на ОК на ВМРО ДПМНЕ Карпош. Тој во два наврати од неговата матична партија ВМРО ДПМНЕ се кандидирал прво за пратеник но не добил и втор пат на минатите локални избори партијата го кандидирала за градоначалник на општина Карпош но изгубил.

Вработените на клиниката потпишале петиција до министерот Таравари дека изборот е несоодветен бидејки не само што им носат од надвор педијатар кој требе да ја води клиниката во која покрај професорот Докич имаат уште 7 професори пулмолози туку и како новоназначениот педијатарке го води стручниот колегиум со професори пулмолози.  Но според лекарски извори Таравари се оправдал дека изборот е лично на премиерот Мицковски и неможе ништо да смени.

Според неофицијални информации, на фокус како посигурен предлог за директор на скопската Клиника за трауматологија се споменува името на доктор Игор Мерџаноски, додека пак на Клиниката за пластична хирургија се врти името на поранешната директорка Смиља Туџарова, која управуваше со болницата додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, но под раководната палка на Никола Груевски.

Исто така, во комбинација за Пластична хирургија е и доктор Јасмина Ѓорѓиевска, која треба да дојде на местото на актуелната директорка, доктор Софија Пејкова.

Како посигурен предлог за нов директор на Торакална хирургија е доктор Игор Џиковски, кој е член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Неџат Јакупи.

„Фокус“ пред неколку денови објави и за новата директорка на Гинекологија, каде најверојатно ќе биде доктор Ирена Алексиоска-Папестиев.

Back to top button
Close