Со гласовите за Гоце „Вегета“ Охриѓани ги испратија ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во втор круг

Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од Охрид во вториот круг повторно ќе ги измерат силите, бидејќи ниту едниот не освои над 50% од гласовите. Поточно, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ освои над 47% од гласовите, а Константин Георгиевски од СДСМ доби 42%. Математиката им ја „зачини“, кандидатот од ТМРО, Гоце Цветковски -„вегета“, кој освои 1.376 гласови, или над 4%.

Цветковски го привлече вниманието на една од дебатите, кога во студиото на Телевизија 24, дојде облечен во маичка со 16-кракото сонце, додека како наметка носеше знаме со сонцето од Вергина.

Исто така, Цветковски донесе и вегета, што ја истури пред своите противкандидати, при што рече: „Да замезите со парите што ги лапате“. На крајот излезе дека Цветковски сепак успеа да ја „зачини“ изборната битка за Охрид.

Back to top button
Close