Со каков накит ќе биде погребана Кралицата?

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во понеделник на 19 септември во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести во замокот Виндзор.

Ковчегот со посмртните останки на кралицата вчера пристигна во Лондон, а од утре ќе биде изложен во Вестминстерската палата.

И додека ковчегот на кралицата ќе биде украсен со реликвии вредни милиони евра, експертката за дијаманти Лиза Левинсон вели дека кралицата Елизабета Втора најверојатно ќе биде погребана со помалку вреден накит.

– Нејзиното височество Кралицата беше многу скромна жена. Веруваме дека ќе биде погребана со златниот венчален прстен и еден пар бисерни обетки, вели таа.

Лиза очекува вереничкиот прстен на кралицата, кој порано и припаѓал на мајката на принцот Филип, да биде подарен на принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата.

Приватната колекција на накит на кралицата се состои од повеќе од 300 луксузни парчиња, меѓу кои 90 брошеви, 46 ѓердани, 15 прстени, 14 часовници и пет привезоци, пишува „Metro news“.

Многу парчиња од нејзиниот накит се дел од британската традиција и ќе бидат пренесени на кралот Чарлс и сопругата на кралицата Камила, кои ќе можат да уживаат во нив до нивната смрт.

Се очекува ковчегот на кралицата да биде покриен со нејзините реликвии и знаме кое го симболизира монархот и Велика Британија.

На ковчегот ќе биде и нејзината круна, која е украсена со околу 3000 дијаманти, од кои многу се контроверзни бидејќи се верува дека се украдени од други земји. Круната вреди околу пет милиони фунти.

Кралицата ја носеше оваа круна само во свечени прилики.

 

Back to top button
Close