Со калашников изрешетан автомобил со македонски таблички во Приштина, убиениот бил со лажни документи!

Портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, за TIME изјави дека вечерва се случил инцидент во Приштина, било пукано од калашников, а има и едно загинато лице. Инцидентот се случил околу 20:00 часот.

Се’ уште не се знае што се случило, но во градот одекнуваат полициски сирени.

Убиеното лице е во возило со македонски регистарски таблички.

Во таа прилика било употребено автоматско оружје (калашников) калибар 7,62 мм.

Дел од порталите објави дека било пукано од калашников и оти во близина на местото на настанот е пронајдено запалено возило, но нема официјална потврда дека автомобилот е поврзан со убиството и пукањето.

Порталот „Индекс онлајн“ доцна вечерва објави и детали вклучително и индентитетот и фотографија од убиениот. Повикувајќи се на свои извори тие наведоа дека убиеното лице е со иницијали Б.Д., имал лажни документи кои ги користел и гласеле на име Блерим Шабани. „Индекс онлајн“ пишува дека неговото тело било пронајдено во неговиот автомобил што е со регистарски ознаки од Република Северна Македонија. Меѓутоа, засега нема потврда на овие информации.

Back to top button
Close