Со клоци, тупаници и метални шипки претепан скопјанец во дворот на Клиничкиот центар, ОЈО бара бара притвор за петмина осомничени

Пет лица се осомничени дека во дворот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.

Физичката пресметка, како што се наведува во соопштението од ОЈО, се случила на 18 јуни.

„По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со своето семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за синот, а во дворот на клиниките пристигнале и осомничените“,образложуваат од ОЈО.

Петтемина потоа физички го нападнале оштетениот удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети.

Од ударите, додаваат од ОЈО, оштетениот добил тешки телесни повреди – фрактури на носната коска и на ребрата. Другите присутни се здобиле со чувство на загрозеност, несигурност и страв.

Поради постоење опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото, од ОЈО велат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close