Со меѓународна помош започна најмасовното гасење на пожарот на Серта!

Моментално се одвива најмасовното гасење досега на пожарот кај Неготино, кој се прошири и на планината Серта.

Денес на терен од воздух се гаси со пет ер трактори и со еден хеликоптер, информира неготинскиот радоначалник д-р Горан Стојанов.

Ова е седми ден откако беснее пожарот кој истовремено се гаси и од копно.

Благодарение на меѓународната помош во вид на воздухоплови за гасење, која деновиве пристигнува од повеќе земји, помеѓу кои Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, денес е организирано најмасовното гасење на огнената стихија, а населението се надева дека конечно ќе дојде до локализирање.

Back to top button
Close