Сојуз на средношколци: Од понеделник продолжува бојкотот на наставата

Од утре, Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот на наставата.

– А во меѓувреме ќе продолжиме со нашите активности во парламентот во координација со сите пратеници и пратенички групи коишто ги поддржуваат нашите барања, велат од сојузот на средношколци.

Тие бараат измени во концептот за полагање државна матура, со кои бараат да полагаат два наместо четири предмети. Тие вчера се сретнаа со пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. А по средбата, претседателот на сојузот, Бленди Ходаи побара поддршка од сите народни избраници.

Back to top button
Close