Собир за заедништво вечерва во Скопје
По трагедијата во Кочани, студентите и граѓаните, обвиени во тага и болка, самоиницијативно се организираат за да оддадат почит на загинатите и повредените во пожарот.
По трагедијата во Кочани, студентите и граѓаните, обвиени во тага и болка, самоиницијативно се организираат за да оддадат почит на загинатите и повредените во пожарот.
Граѓанското движење ,,Кој е следен?”, вечерва на плоштадот Македонија организира собир, за како што велат, ,,заедништво и сочувство, за да се погрижиме едни за други во овие најтешки моменти”.
Во нивната објава за собирот на социјалните мрежи дадени се и неколку насоки за граѓаните. Односно им се сугерира со себе да носат вода и нешто благо, во случај некому да му се слоши.
Во објавата исто така објаснуваат дека вечерашниот собир наместо на улиците низ Скопје ќе се одржи на плоштадот затоа што ,,состојбата во болниците е критична, а нашите херои се борат за спасување животи. Нашето присуство на улиците би ја отежнало нивната работа”. И додаваат: ,,Ќе дојде време за протести на сите улици, но тоа време не е сега. Сега е време за сплотеност и грижа”.