Сочувство за трагедијата во Кочани од Врховниот поглавар на Бекташкиот ред Хаџи Деде Баба Монди
Врховниот поглавар на Бекташкиот ред Хаџи Деде Баба Монди, чие седиште е во Тирана, изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, а на повредените им посака побрзо закрепнување.
-По повод на оваа голема трагедија, во мое и во името на милиони бекташи низ целиот свет, им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на загинатите млади животи, а на повредените брзо закрепнување. Ги поздравуваме напорите на државните и локалните структури на државата и на сите оние кои пружиле помош, да со верба во Семоќниот Бог, чувството на хуманоста и нивната најголема пожртвуваност да ги минимизира последиците од оваа голема трагедија, стои во објавата на Фејсбук.
Порачува дека ова е време кога нашите души треба да бидат смирени, да негуваат братска љубов и хармонија, без разлика на раса, етничката и верска прпадност или боја.
-Нека почиваат во мир душите на загинатите во оваа трагедија. Повредените побрзо да закрепнат и да си дојдат во семејствата. Амин, напиша Баба Монди.