Сончево време со дневна температура до 20 степени

Времето денеска наутро студено со услови за слаба магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степен.

Во Скопје утрото студено со услови за појава на слаба магла, а преку денот претежно сончево и тивко.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во наредните денови, информираа од УХМР, ќе продолжи периодот на претежно сончево време, но со постудени утра, а минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close