Сообраќајка меѓу две возила и мотор кај Стража, повреден мотоциклистот
Мотоциклист од Скопје е повреден во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат кај превојот Стража.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 31 мај 2026 година во 18:40 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат на превојот Стража се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (69) од Кичево, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А. (43) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М. (45) од Скопје.
Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, а повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кичево.





