Сопругата на убиениот Афроамериканец Брукс: Мојата фамилија е уништена и никаква правда нема да го врати (ФОТО+ВИДЕО)

Сопругата на Рајшард Брукс, Афроамериканецот кого полицијата во Атланта го уби при апсењето пред неколку дена, порачала дека нејзината фамилија е уништена и дека никаква правда не може да го поправи тоа. Ова е уште една уништена црнечка фамилија, рекла Томика Милер, мајка на четири деца.

Полицијата во петокот вечерта излегла на терен бидејќи добила пријава дека пред еден ресторан маж спие во возилото кое било паркирано на преминот. Откако паднал на алко-тестот, полицијата сакала да го приведе, а тој според податоците од истрагата, се противел на апсењето, пренесува РТС.

Во тој момент еден полицаец извадил зашеметувач, но мажот, подоцна идентификуван како 27-годишниот Рајшард Брукс го одземал. Тогаш полицајците пукале во Брукс.

Прочитајте и…  Пендаровски прогласи вонредна состојба во времетраење од осум дена
Рајшард Брукс / EPA-EFE/STEWART TRIAL ATTORNEYS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Томика Милер така останал без својот сопруг, а во Атланта граѓаните излегоа на улиците барајќи правда.

Милер вели дека никаква правда нема да ја излечи нејзината фамилија, бидејќи останале без грижлив татко и сопруг. За неговата смрт, таа дознала во саботата изутрина кога ја разбудиле агенти кои ја спроведуваат истрагата.

– Не можев да верувам. Не очекував дека ќе се разбудам и дека мојот сопруг веќе никогаш нема да се врати дома, рекла таа.

Зошто Брукс почнал да бега?

На снимките од камерите се гледа како Брукс трча по паркингот а полицајците го бркаат. Во еден момент Брукс наводно го искористил зашеметувачот кој го одземал. Во тој момент полицаецот го извадил пиштолот и пукал. Обдукцијата покажала дека два пати бил застрелан во грбот.

Томика Милер е уверена дека Брукс само сакал да си оди дома.

– Ја сакаше својата фамилија, сакаше да биде дома со нас. Имаше работи кои требаше да ги заврши. Можам само да замислам што размислувал, рекла Милер.

Милер, која сега е самохрана мајка, вели дека се чувствува како статистичка бројка.– Мојата ќерка знае дека татко и нема да се врати. Мојот син знае дека неговиот очув нема да се врати, но младите деца чувствуваат дека тој не се појавува кога го повикуваат со „тато, тато, тато“, рекла Томика Милер.

– Сега сама се грижам за нашите четири деца. Ова не беше мој избор, наметнато ми е кога ми го одземаа сопругот. Тоа ја уништи мојата фамилија и никаква правда нема да го врати. Уште една црнечка фамилија е уништена, заклучила Томика Милер.

Back to top button
Close