СП: Денеска близу 2 илјади новозаболени од ковид-19, Комисијата предлага намалување на изолацијата и гужвите во кафеаните
Денеска бројот на позитивни ковид тестови според статистиката на Институтот за јавно здравје ќе биде највисока и рекордна од почетокот на пандемијата, односно нешто под 2 илјади, пренесе Слободен печат.

Состанокот на Комисијата за заштита на населението од заразни болести уште трае и се дискутира да се интервенира за влошената состојба со коронавирусот на начин што ќе се ограничи бројот на гости во угостителските објекти на 30 проценти исполнетост.
Исто така, Комисијата предлага изолацијата за позитивните кои немаат симптоми да биде 7 дена наместо досегашните 10 дена.