СП: Доктор Нино Васев ќе се жали за одземениот пасош, забраната да го напушти Скопје и забраната да оди на работа на Онкологија

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија доктор Нино Васев преку својата адвокатка Билјана Јандриоска ќе се жали за мерките за претпазливост кои за него ги одреди судот. Јандриоска за Сител потврдила дека ќе ја обжалат одлуката во законскиот рок од три дена. Во Кривичниот суд досега не е пристигната жалба.
извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики и со намера за друг да прибават противправна имотна корист го довеле во заблуда овластеното лице во Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата на пари за набавка на лекови кои ги трошеле и нарачувале спротивно на законските и подзаконските прописи, без формиран стручен колегиум и без соодветни медицински протоколи. Во ова со умисла биле помогнати од тројцата други осомничени доктори кои одредена терапија пропишувале вон препораките и свесно избегнувајќи ги параметрите кои ја опишуваат состојбата на пациентот во однос на болеста.
Основното јавно обвинителство Скопје ја продолжува истрагата во предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија и повторно апелира до сите пациенти да се јавуваат во Јавното обвинителство и да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци, бидејќи нивните сознанија ќе бидат исклучително важни и во натамошниот тек на постапката.
Презњмено од Слободен печат






