Спасовски категоричен дека Мијалков не бил избеган во Белград

Истрагата за случајот со Сашо Мијалков мора да покаже каде е пропустот, дали некој помогнал и кој е тој и да се види каде е проблемот во целокупниот систем на функционирање, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој е категоричен дека Мијалков не пребегал во Белград, како што тврди опозицијата.

– Се направија низа чекори од страна на институциите пред се во однос на тоа да детектираме кој може да помогне, значи членовите на неговото приватно обезбедување, членовите на неговото семејство и целокупниот имот што го поседува беа еден од начините за да можеме и да дојдеме до него и да биде задоволена правдата. Кој е инволвиран во бегството, верувам дека на крајот од истрагата ќе се покаже – рече Спасовски.

Во однос на прашањето каде се кртовите, Спасовски вели дека тие можат да бидат и во МВР и во Обвинителството и во судството и во тајната полиција.

Back to top button
Close