Спектакуларна игра на бои на германското небо
Ваков небесен спектакл ретко се гледа во Германија – поларна светлина синоќа го осветли небото над Шилиг во Фризија (на фотографијата), а беше видлива и во делови од покраините Саксонија Анхалт, Бранденбург , Шлезвиг-Холштајн и Долна Саксонија.
Поларната светлина инаку е природна појава на небото, предизвикана од судирот на наелектризирани честички под влијание на магнетното поле на Земјата. (Дојче веле)