Сппред Роналдо ова се тројцата најдобри играчи во модерниот фудбал
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ги прогласи тројцата најдобри играчи во модерниот фудбал.
-Во листата на првите тројца играчи би се вклучил себеси, Лионел Меси и Зинедин Зидан, изјави Роналдо за „Give me Sport“.
Оваа сезона Португалецот одигра 33 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 гола и четири асистенции.
Договорот на Роналдо со клубот од Саудиска Арабија е до летото 2025.
Според „Transfermarkt“, пазарната вредност на играчот се проценува на 12 милиони евра.
Меси моментално игра за Интер Мајами во МЛС. Зидан ја заврши кариерата како професионален фудбалер.