Справување со загадувањето на воздухот во Република Северна Македонија  

Проблемот со загадувањето на воздухот е веќе одамна светски проблем за кој повеќето земји, барем колку што ми е мене познато, се справуваат секоја на свој начин и според сопствените, пред сѐ, економски и финансиски можности и капацитети. Колку и да се обидуваме да се задржиме на статистичките податоци што можат да се најдат секојдневно и без многу мака за најмалку загадените градови и држави во светот, едно е сигурно: дека секоја од тие земји решенијата ги бара во сопствените граници и согласно сопствените можности. Но што е уште битно за разрешување на овој повеќе од клучен еколошки проблем во кој нормално се стремиме да се вклучиме и ние, правејќи ги основните напори со кои би постигнале барем определен степен на помала загаденост.

Ајде да видиме кои се основните причини за загадувањето на воздухот на еден град, потоа на целата држава и пошироко на целииот регион?

  • Евидентно е и сметам дека на сите нѝ е целосно јасно дека најголеми загадувачи се превозните средства кои користат нафта и нафтени деривати како гориво;
  • Втори големи загадувачи секако ќе бидат големите фабрички и индустриски капацитети кои за својата работа ги користат истите овие горива како основа за работа на машините и погоните во самите фабрики;
  • Трети еднакво значајни големи загадувачи остануваат домаќинствата кои како огревен материјал ги користат дрвата или јагленот.

Каков заклучок можеме да извлечеме од овие три категории на големи загадувачи со кои, според сознанијата што нѝ се овозможени да ги евидентираме и следиме, е дека многу лесно можат да се најдат и решенијата.

За вторите две категории на загадувачи најрентабилното и најспасително решение останува програмата што беше  понудена со  воведување и изградба на гасификационите мрежи кои уште пред две децении ѝ се ветуваа на Македонија, се добија дури и кредити за реализација на овој значаен проект, како од Светската банка за помош на недоволно развиените подрачја, така и од Европската банка за развој,  но од нам помалку познати причини и заташкување на фактите, вклучувањето на Република Северна Македонија во гасификационата мрежа на просторите на целата територија, остана само проект што никогаш не беше реализиран. Каде завршија парите од овие две светски финансиски фондации, нормално на граѓаните не им беше обелоденето, а на бројни новинари не им беше овозможено ниту да ги направат неопходните детални анализи и истражуваања за да се дојде до една пообјективна вистина.

Но, настрана од оваа отстапка во размислувањето, повеќе е од јасно дека користењето на гасот и изградбата на гасификациона мрежа низ целата територија на Република Северна Македонија ќе можеше барем за еден поголем процент  да го намали севкупното загадување на нашите простори. Во тој случај, кога сите јавни и приватни објекти ќе беа вклучени во системот на користење на гасот како средство за затоплување и пошироко, ќе се избегнеа проблемите што се јавуваат околу загадувањето на воздухот со користење на јаглен и дрва за затоплување, или за работа на големите фабрички погони. Ќе се намалеше користењето и на скапата електрична енергија, која сме  принудени и да ја увезуваме во овој период, не знаејќи дали утре ќе бидеме во можност и да ја платиме на добавувачите на кои, во услови на една глобална економска криза, им оди во прилог да нѝ ја продаваат со повисоки цени  и  на штета на севкупниот економски раст на целата земјата, да не говориме за поединците.

За првата категорија загадувачи каде се класифицирани превозните средства што користат бензин или нафта, делумно  решение е  појавата на автомобилите и поголемите транспортни средства на струја. Но, што станува со оние кои не ќе можат никогаш да набават автомобили на струја и кои што ќе продолжат да ја користат нафтата или бензинот како гориво?

Во таков случај решенијата се бараат во организација на целиот амбиент и уредување на урбаниот простор со воведување на  поголеми пешачки зони каде превозните средства не ќе имаат никаков пристап,освен точаците или ново произведените  тротинети на струја. Овој начин на организација на урбано уредување можеме да го сретнеме во повеќето светски метрополи каде забранетите зони за автомобили или било кој друг вид транспортно средство, освен на струја  е целосно исклучено.

Значи наше приоритетно прашање, кое мораме под итно да го решаваме е прашањето со дефинитивното завршување на гасификационата мрежа, за која знам дека беа направени детални физибилити студии, но до чија реализација, еве, не дојде од погоре спомнатите значајни причини. Воведувањето на забранетите зони за користење на какви било превозни средства што користат бензин или нафта (значи големи загадувачи) може сосема лесно да се реализира преку општинските инситутции кои би биле задолжени да овозможат уредување на забранети зони со проширувавње на зелените површини и пешачки патеки.

Доколку вистински дојде до финализација на проектот за гасификација на целата териотрија на Република Северна Македонија, каде во мрежата ќе бидат вклучени и сите домаќинства, јавни инситутции па и поголеми фабрички и индустриски комплекси, ќе се овозможи, ако не целосно, барем поголем процент на намалувањето на емиссите од големите загадувачи.Ќе добиеме можности за еден многу поорганизиран живот со делумно повисок стандард, затоа што најголемата ламја што нѝ го троши и државниот и семејните буџети секако останува електричната енергија.

Она што останува во надлежност на нашите највлијателни медиуми, на секој новинар или репортер кои совесно си ја вршат својата мисија и задача е да почнат нешто потемелито да работат со целиот граѓански корпус за да им се овозможи да дојдат до сознанијата што се битни како за сочувување на нивниот личен станадард, така и за сочувување на чистата средина во која посакуваме да продолжиме да живееме и да изградиме земја со современи услови за живот и раст на сите наши идни поколенија. Но и за нас самите што се обидуваме барем да им овозможиме на нашите најблиски соседи, сограѓани, соработници или пишироко да го сфатат вистинскиот значај и неопходност за реализација на гасификационата мрежа која ќе може да се вгради  до секое домашно и јавно катче.

Постои уште еден голем загадувач на целиот животен простор за кој барем до денес не се понудија вистински решенија, иако во повеќе наврати беа понудени програми  преку тендери за реализација на објекти/капацитети за преработка на смет на  големите депонии во земјата во кои се складира сиот смет.

Во земјите на Европа решенијата се најдени со изградба на мали преработувачки пунктови (или поголеми) до кои се доставува целиот смет и со специјални машини се преработува или во топлотна енергија која ја користат жителите од околните наслени места, или пак во амбалжна хартија, па  други и за производство на електрична енергија.

Уверена сум дека решенијата дури и како можат да се најдат, и не само изнајдат, туку и да се реализираат со едно взамено и меѓусебно договарање како на општинските така и на централните власти околу обезбедување на средствата за реализација на сите понудени решенија:

  • од организацијата на изградба на пунктовите за преработка на големите сметови акумулирани во градските и приградските големи депонии;
  • до уредување на поглемите пешачки зони со широки зелени поврвнини, особено во централните делови на секоја општина или поголемо населено место;
  • откако се добија субвенции за набавка на клима уреди или инвертори за затоплување во објектите каде што не постои топлификациона мрежа, делумно може да дојде до намалување на загадувањето од страна на корисниците од приватните стамбени простори кои за загревање користат дрва, јаглен или нафта;
  • уредување на забранети зони за користење на било какво превозно средство што како гориво ги користи најголемите загадувачи особено во деновите на викендите.
  • Алтернатива за производство на чиста струја е овозможување на што поголемо користење на сончевата енергија преку фотоволтаичните  централи, како   и користењето на енергијата од ветрот. Но проблемот кај нас за воведување на вакви решенија е евентуалната промена на Законот за производство и дистрибуција на електрична енергија и добивање на субвенции за иснталирање на фотоволтаични системи по поголемите и помалите стамбени објекти.

Рентабилноста по реализацијата на овие не толку скапи но практични решенија, најмногу ќе биде  евидентирана и од самиот државен буџет, кој нема да биде принуден да набавува/увезува  скапи енергенси, но најмногу од сите жители на Македонија кои многу брзо ќе почуствуваат дека и нивниот личен стандард почнува да се подобрува, но  дека со така понудени решенија  ќе можат и самите да покажат поголем интерес и  расположение да се вклучат во оргнизирањето на што поздрава животна средина и за себе самите, но најмногу за сопствените поколенија.

 

Билјана З. Билјановска

 

 

       

 

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close