Срамни сцени од фановите на Шкендија: Свирежи на химната и навредлива кореографија за Вардар и ФФМ

Срамни сцени приредија навивачите на Шкендија пред почетокот на финалето од Купот на Македонија, пренесе ехпрес,мк
Додека се интонираше државната химна на Македонија, навивачите на тетовскиот клуб останаа седнати и ја исвиркаа химната, недозволив потег кој предизвика негативни реакции во јавноста.
Несфатливо е на натпревар од вакво значење, кој се игра под организација на државното натпреварување, да нема почит кон симболите на државата.
Покрај тоа, фановите на Шкендија продолжија и со провокативна и навредлива кореографија кон ФФМ и нивниот најголем ривал Вардар, кој им ја одзеде титулата оваа сезона. Јасно е дека комисиите на ФФМ ќе имаат полни раце работа по финалето од Купот, а Шкендија ќе добие казна за однесувањето на своите поддржувачи.






