Србија воведе задодолжителна самоизолација од 14 дена за граѓаните на Црна Гора

 Врз основа на проценката на актуелната епидемиолошка состојба во регионот Владата на Србија денеска донесе одлука сите црногорски граѓани кои влегуваат во Србија да минат низ период на задолжителна самоизолација од 14 дена.

Црногорските државјани се должни да ја пријават адресата на која ќе престојуваат во следните две недели по влегувањето во Србија, за надлежните органи да можат да го контролираат почитувањето на изречената мерка, се наведува во соопштението на српската Влада.

И натаму со најголемо внимание ќе се следи развојот на епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот, во земјата и во регионот. „Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат кон мерките и да бидат одговорни пред себе и другите“, апелираше српската Влада.

Back to top button
Close