Србија без селекторот Пауновиќ на дуелот со Германија


Фудбалската репрезентација на Србија ќе биде без помошта од селекторот Вељко Пауновиќ на следниот натпревар против Германија од Лигата на Нациите на домашен терен на 13.ноември. Пауновиќ на вчерашниот дуел со Холандија во Ајндховен доби жолт картон во 83.минута, а претходно истата опомена ја имаше добиено и на дуелот со Германија.

Тој смета дека опомената на дуелот со Холандија е недоразбирање, бидејќи тој се обраќал на своите играчи, а не до судијата.

– Судијата погрешно ја разбра постапката и ми покажа жолт картон, објасни Пауновиќ.

Српскиот селектор според неговото видување реагирал и барал неговите играчи да ја продолжат акцијата и да ја освојат топката. Тој ја соблече и ја фрли тренерката.

Покрај Пауновиќ, за Србија на следниот дуел нема да настапат ниту Саша Лукиќ и Немања Максимовиќ исто поради жолти картони.

Back to top button
Close