Средба на Пендаровски со постојаниот координатор на ОН во земјава Дуџак

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Дуџак го информираше Пендаровски за тековните активности и проекти што со поддршка на Организациите на ОН се реализираат во нашата земја.

Соговорниците ја потврдија успешната соработка за реализација на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на ОН, чија цел е да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина, да се обезбеди квалитетно образование, да се намали нееднаквоста во и меѓу земјите.

Претседателот Пендаровски на средбата се заблагодари за континуираната поддршка на ОН за нашата земја во повеќе значајни области за граѓаните.

Back to top button
Close