Станарите на „Џевахир“ се евакуираа по дојава за поставена бомба

Дојави за поставени бомби освен во Министерството за надворешни работи и Градскиот трговски центар, пристигнале и до Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје, како и едно основно училиште во Кавадарци.

Сите станари од кулите А и Б во Џевахир, кои во тој период се нашле дома, се излезени надвор пред зградите.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се вели во соопштението од МВР.

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

Back to top button
Close