Стевчо Јакимовски: Гласајте „за“, а не „против“

Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа, рече денеска кандидатот за претседател на државата на коалицијата „Храбро за Македонија“ и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

– Многу сум среќен што денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател. Вечна слава нека им е на асномците коишто ги удрија темелите на современата македонска држава и го остварија вековниот идеал на македонскиот народ, нагласи тој.

Точно е дека оваа држава не е совршена, додаде тој, но, подвлече, сите сме одговорни за тоа каква држава имаме, и „ние што бираме и тие што се бирани на функциите“.

Јакимовски упати апел, да се излезе на гласање.

– Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа. И втората замолница е да се излезе да се гласа „за“, а не „против“, апелираше Јакимовски.

Притоа, подвлече дека секогаш кога гласаме „против“ некого, секогаш „правиме грешки и тие грешки повторно се на штета на државата“.

– Затоа излезете и дајте го гласот за оној којшто мислите дека ќе биде најдобар претседател, дека ќе биде најдобар врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, рече Јакимовски.

Back to top button
Close