Стигнаа вакцините против голема кашлица за возрасни, може да се примат уште денес
Вакцините против голема кашлица за возрасни, пристигнаа во Македонија и веднаш може да се примат, најави министерот за здравство Илир Демири.
-Граѓаните што имаат потреба од вакцинација, може од денеска да ги примат. Ги има во вакциналните пунктови и може да се дадат за луѓе што имаат потреба од таков вид ревакцинација, изјави Демири.
Според најавите на Комисијата за заразни болести, вакцините ди те пер за возрасни, се наменети за оние луѓе кои во семејството живеат со дете помало од 2 години, како и за лицата кои што работат со деца, како на пример во градинки и во болници