Стојаноска: До кога Ислам Абази ќе биде џелатот на правдата по насока на Ахмети, Филипче и Заев

Пратеничката Дафина Стојаноска денеска на прес-конференцијата обвини дека затворањето на предметот „Мазут“, тежок 167 милиони евра, е резултат на политичко влијание врз обвинителството.

Пратеничката Дафина Стојаноска изјави дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, постапувал под влијание на Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев.

Според Стојаноска, обвинителството пред една година барало притвор за четири лица во предметот поради опасност од бегство и влијание врз сведоци, а сега оценило дека нема основ за продолжување на постапката.

„Целата јавност во овој скандалозен случај виде перење пари, криминал и труење на животната средина, само Ислам Абази не виде ништо“, рече Стојаноска.

Таа постави прашања и до Башким Бесими и обвинителката Катерина Коларевиќ во врска со постапувањето во предметот.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Абази да поднесе оставка, оценувајќи дека со неговото раководење се нарушува довербата во правосудниот систем.

Back to top button
Close