Столтенберг: Очекуваме НАТО-сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана за околу осум отсто

Оваа година очекуваме НАТО-сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана во просек за осум отсто. Oва е најголем пораст на трошоците во последните децении, но тоа е неопходно, бидејќи кога ќе се зголемат тензиите, треба да се инвестира во безбедноста, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Pre-ministerial press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg

Според него, рускиот претседател Владимир Путин направил најмалку две грешки со инвазијата на Украина – ги потценил Украинците и одговорот на Aлијансата.

„Земјите од НАТО и ЕУ му даваат невидена помош на Киев со артилерија, ракети со долг дострел, противвоздушна одбрана, муниција и обука“истакна тој.

Столтенберг изрази благодарност до Данска, Холандија и Норвешка за нивната подготвеност да ѝ обезбедат на Украина ловци Ф-16, како и до земјите каде што ќе се обучуваат украинските пилоти.

„Украинците постепено ги враќаат заробените земји, тоа е тешка битка, тие ги пробија руските одбранбени линии и напредуваат. Со војната во Украина, Путин очекуваше да го ограничи НАТО, но го постигна спротивното – пактот го прошири своето присуство на источното крило, ја прифати Финска и наскоро очекува да го поздрави приемот на Шведска. Очекувам турскиот парламент да го ратификува членството на Шведска подоцна оваа есен, што е можно поскоро“рече Столтенберг.

 

Back to top button
Close