Струга ТЉ: Нашето раководство беше нападнато, Вардар да го осуди инцидентот!
Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Љум извојува убедлива победа на гостувањето кај Вардар во Скопје, но дуелот на „Тодор Проески“ беше одбележан и по инцидентот кој што се случи на трибините, а во истиот беа инволвирани претставници на двата клуба.
Од таборот на стружани пристигна соопштение до јавноста, во кое пишуваат дека биле нападнати од претставници на Вардар и поради тоа бараат раководството на „црвено-црните“ да го осудат овој чин, а надлежните органи да ја расчистат целата ситуација.
„Нема место за насилство во фудбалот. Денес бевме сведоци на обид за напад на челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничкиот клуб. Најостро го осудуваме обидот за насилство врз челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничкиот клуб на денешниот натпревар. Ваквите постапки се целосно неприфатливи и немаат место во фудбалот или во кој било аспект од животот.
Нашиот клуб е посветен на вредностите на почит и спортски дух и ги повикуваме надлежните органи да преземат итна акција за решвање на овој сериозен инцидент. Го повикуваме раководството на Вардар да го осуди однесувањето на претставниците на клубот“, стои во соопштението на шампионот на Македонија.
Струга Трим Љум по деведесет минути игра на Арената извојува победа од 1-4 (gol.mk)