Студентите по медицина му порачаа на Вучиќ дека лекар мора да одобри влез на Интензивна нега: “И за тоа не сте надлежен”

Студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Нови Сад му се обратија на претседателот на државата, Александар Вучиќ на мрежата Икс, откако тој рече дека „негова била волјата“ е да влезе на Интензивна нега во УКЦ во Белград и да ги посети повредените пациенти во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград.

„Господине претседателе, како добар студент, еднаш мислевме дека брзо учите. Влегување во одделението за Интензивна нега мора да го одобри доктор, откако ќе ја процени епидемиолошката состојба како и состојбата на пациенти. Затоа да повториме уште еднаш, не сте надлежни. И да, да не заборавиме – за правилата за Интензивна нега, предлагаме да се консултирате со професорот Мацут за повеќе информации“, објавија студентите на Х.

Студентите во блокадата на Медицинскиот факултет на 28 март побараа одговорност за посетата на Вучиќ на пациентите од Кочани, по што го вметнаа тоа како шесто нивно барање – одговорност за неовластено влегување на физички лица и новинари во одделението за Интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС), каде се сместени пациентите повредени во пожарот во Кочани.

„Никој не сакаше да ме пушти, тоа беше моја волја. Не мора никого да бркаат, влегов сам. Гордиот Александар Вучиќ, чија идеја беше да го обнови Клиничкиот центар и бидејќи е толку модерен, тие луѓе имаа каде да дојдат. Шестото барање се исполни, сам го направив тоа, јас сум сам виновен”, изјави вчера Вучиќ

Back to top button
Close