Студентите утре на Платото на УКИМ ќе искажат почит на загинатите во Кочани

Утре со почеток од 12 часот на Платото на УКИМ, со времетраење од еден час, студентите ќе искажат сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите. На Платото ќе има простор каде студентите ќе можат да запалат свеќи, искажат тага во книга на жалост и остават цвеќе.

„Со оглед на големата трагедија која настана изутринава во дискотеката во Кочани, студентите на УКИМ Ве покануваат да го проследите организираниот заеднички час во форма на искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан“ стои во соопштението на УКИМ.

Заедничката настава и собирите на студентите ќе продолжат сѐ до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ.

Back to top button
Close