Судија и нареди на американската влада да одмрзне средства за програмите за странска помош

Федерален судија и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го одмрзне финансирањето за стотици странски подизведувачи кои велат дека биле погодени од 90-дневното замрзнување на финансирањето наложено од Трамп.

„Барем до овој момент, обвинетите не понудија никакво објаснување зошто целосното запирање на сета помош доделена од Конгресот за странство, што предизвика шок и им наштети на интересите на илјадници договори со бизниси, непрофитни организации и организации низ целата земја кои се потпираат на тоа, е рационално“, рече судијата Амир Али од Окружниот суд во Вашингтон. Тој судија беше назначен од адмиистрацијата на поранешниот американски претседтел Џо Бајден.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close