Судијката Кичеец од Охрид разрешена зашто го развлекла судењето за момчето убиено на Нова година, овозможувајќи му на убиецот да избега во Србија
Судскиот совет денеска ја разреши од функцијата судијката Весна Кичеец од Основниот суд Охрид и ја оддалечи од работното место, поради што веќе таа не смее да се појави во судот, и покрај што има право на жалба.
Ваквата најтешка санкција на Кичеец ѝ била изречена за нестручно и несовесно постапување во судскиот процес против српскиот турист од Краљево, кој на 1.01.2016 година на новогодишната прослава го претепа до смрт младиот охриѓанец Димитар Матилоски.
Откако го убил со ќотек Матилоски, туристот Бојан Угреновиќ се вратил во кафе барот и продолжил да слави.
Набргу Угреновиќ беше уапсен и притворен на барање на Охридското обвинителство. Но, постапката ја развлече судијката Весна Кичеец која денеска беше разрешена поради тоа. Таа судењето го развлечка до истек на законскиот максимум за притвор, по што таа го пушти српскиот државјанин на слобода.
Веднаш штом излезе од притвор, Угреновиќ избега од Македонија, а Кичеец потоа го судеше во отсуство./СДК