Судир меѓу „дачиа“ со италијански регистарски ознаки и „кавасаки“ во Скопје, мотоциклистот тешко повреден
МВР информира дека на 13 мај околу 00:30 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓорѓов“ и „Народен фронт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа“ со италијански регистарски ознаки и мотоцикл „кавасаки“.

Автомобилот го управувал Џ.Ч.(27) од Италија, со привремен престој во Скопје, додека со мотоциклот управувал Х.А.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобиле возачот на „дачиа“ и неговиот сопатник И.А.(27) од Скопје.
Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники Мајка Тереза и во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“.
По наредба на јавен обвинител, Џ.Ч. е лишен од слобода во врска со член 300 од Кривичниот законик, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.






