Судири со полицијата на првомајските протести во Париз

Илјадници луѓе денеска учествуваа на првомајските протести ширум Франција, кои во главниот град Париз ескалираа во повремени судири меѓу полицијата и одделни групи демонстранти, објави „Монд“.

Учесниците на првомајските собири во Франција денеска побараа социјална правда и зголемување на платите, како и претседателот Емануел Макрон да се откаже од планот за зголемување на старосната граница за пензионирање, објави Ројтерс.

Back to top button
Close