Судски совет: Немаше наредба за претрес, постапивме по барањата од Обвинителството

Оттаму велат дека добиле писмени барања од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и постапиле по истите.

„Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет на РСМ“,

се вели во соопштението од Судскиот совет.

Советот, се вели во соопштението, ќе продолжи да соработува со надлежните органи и институции во државата водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспареентно судство и се оградува од какви било влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита на независноста и интегритетот на судството.

Од Јавното обвинителствот на РСМ и од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера соопштија дека по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, полициски службеници постапуваат во Судскиот совет.

Оттаму соопштија дека полицијата обезбедува два записника со цел проверка на евентуални елементи на кривично дело.

Од Обвинителството вчера појаснија дека постапувањето во Судскиот совет не е поврзано со штотуку формираниот предмет за „црната листа“ на САД, туку се однесува на известување од Министерството за внатрешни работи во кое е побарана наредба за обезбедување записници од седница на Советот во врска со мандатот на доскорашната претседателка Весна Дамева, која неодамна поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет.

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашното постапување на полицијата во Советот за обезбедување на два записника поради сомнежи за кривично дело, денеска рече дека во Судскиот совет се манипулирала волјата и мислењето на членовите од страна на поединци.

Прашан за коментар на случајот, премиерот изјави дека таму постои основано сомневање за големи злоупотреби коишто, како што кажа, биле правени во изминатиот период.

 

Back to top button
Close