Суперхероите од вистинскиот живот

Болест, обично, е назив за непријатна, па дури и опасна и загрозувачка здравствена состојба. Сепак, во светот постојат некои заболувања и состојби кои потсеќаат на супермоќи, иако можеби не се толку „кул“ како што првично изгледаат…

  1. Суперпомнење

Хипертимезија (или Високо супериорна автобиографска меморија – ХСАМ) е еден вид оштетување на меморијата што му овозможува на човекот подробно сеќавање на сите настани од неговиот живот. Денес има околу 60 луѓе во светот кои страдаат од хипертимезија. Овие луѓе можат да се сетат на секој ден од својот живот, дури и на нивното рано детство. Уште повеќе, тие може целосно да пресликаат пасус од книга што ја прочитале одамна!

Kim Peek on Jan 16, 2007.pngЗа Американецот Ким Пик (1951 – 2009), беше снимен и оскаровскиот филм „Дождовниот човек“ од 1988 година.

Но, луѓето со хипертимезија, не можејќи да ја искриват вистината, не можат да заборават ниту на непријатните настани што би сакале да ги заборават. Постои случај на една жена од Австралија која, според наводите, се сеќава на сѐ за себе од својот 12-ти ден од раѓањето! Таа минатото го чувствува како сегашност и сите нејзини спомени се емотивно интензивни.

  1. Нечувствителност на болка

На прв поглед изгледа како вистинска супер моќ… Вродената аналгезија е состојба во која едно лице воопшто не чувствува болка, а тоа не влијае ни на менталниот капацитет или изгледот. Но, опасноста тука е тоа касно дијагностицирање и лекување одредена болест. На пр. малите деца може да се исечат или да скршат коска додека си играат без да го забележат тоа.

  1. Супергенијалци

Оваа „супермоќ“ ја претставува тн. Савантов синдром. Се работи за ретка состојба што ја има кај луѓе со аутизам, Аспергеров синдром, макроцефалија, шизофренија и други мозочни заболувања. Овие луѓе вообичаено се исклучително надарени за музика, цртање, математика и 3-Д моделирање.

psychology Story: #4 Super icemen

  1. Луѓе кои не чувствуваат студено

Освен луѓето без болка, постојат и луѓе кои воопшто не го чувствуваат студот. Најпознатиот „леден човек“ е Вим Хоф од Холандија. Тој може да мине повеќе од еден час во ледена вода или да искачува планина само по кошула… Научниците сметаат дека тоа е феномен, но Вим вели дека тоа е резултат на неговите техники на дишење, иако никој друг досега не успеал во тој негов потфат.

  1. Екстремна бестрашност

Верувале или не, постојат луѓе кои воопшто не чувствуваат страв. Како што наведува „Квизклаб“, болеста Урбах-Вит е ретка генетска состојба која резултира со целосен недостаток од страв. Науката денес знае за околу 300 случаи со ова нарушување во светот.

Back to top button
Close