Свесен сум дека платите не ги дадовме пред Велигден, но барем направиме законска пресметка – вели Љутков
Бидејќи постојниот колективен договор за вработените во културата е истечен, се надева дека за брзо време во согласност со сите засегнати страни ќе се донесе нов, што ќе биде корисен за сите
Свесен сум дека платите на културните работници не ги дадовме пред Велигден, но конечно го решивме проблемот и направиме пресметка што е достојна и законска. Ова денеска го рече министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, одговарајќи на поставено прашање од пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), на денешната седница наменета за пратенички прашања, за ненавременото исплаќање на платите на вработените во културата.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието одговараше на пратенички прашања / Фото: Принтскрин
Посочи дека иако бил член на Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ), никогаш не рекол дека овој колективен договор е незаконски, туку дека тој нема поддршка од Министерството за финансии.
„Вие тоа го знаете, уште со самото потпишување, сте биле министер за култура. Колективниот договор го потпишал еден министер што појма немал што потпишува и немал направено анализа какви штети ќе направи во културата и дека ќе ја прелие чашата. Добро знаете дека кога немате поддршка од Министерството за финансии, поточно кога нема позитивна согласност, тоа значи дека средствата ќе треба да си ги обезбедите од сопствениот буџет. Вие тоа сте го дозволиле четири години. Ќе дојде минималната плата, ќе треба да ги регулирате платите. Во Министерство за финансии ќе ви речат, не може вака, обезбедете ги средствата од буџетот. И вие нема да ги предвидите средствата, ќе дојде ребаланс и ќе им кажете на установите да скратат по 30 отсто, со што ќе ги покриеме платите“вели Љутков.
Додаде дека сега, кога конечно некој ги решава проблемите, тоа на опозицијата не ѝ се допаѓа