СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „несовесно работење во службата“. Во јануари и февруари 2013 година, пријавениот извршил наплата во износ од 55 283 денари од Ш.Ќ. и П.Т. од Охрид за продажба на гробни места, при што им издал фискална сметка која подоцна ја сторнирал, со што паричните средства не ги предал во благајната и не ги евидентирал во компјутерска евиденција на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.