СЗО побара прекин на израелските напади врз болниците во Појасот Газа

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го повика Израел веднаш да ги прекине нападите врз болниците во Појасот Газа, откако во рок од само неколку дена беа извршени напади врз две болници во палестинската енклава.

Тедрос на платформата Х предупреди дека здравствениот систем во Појасот Газа повторно е под сериозна закана, повикувајќи го Израел да престане да ги напаѓа болниците бидејќи на Палестинците во енклавата им треба пристап до здравствена заштита.

Израелската војска соопшти дека цел на вчерашниот напад на болницата Ал Вафа во градот Газа биле милитанти на Хамас

Back to top button
Close