СЗО: Пораст на бројот на заразени по олеснување на мерките, не е готово

– Во некои земји е забележано зголемување на бројот на заразени со коронавирусот по олеснувањето на мерките, што покажува дека пандемијата не е завршена, предупреди денеска Светската здравствена организација.

– Гледаме зголемување на бројот на случаи низ целиот свет, не само во Европа. Кога се олеснуваат мерките за затворање, попушта социјалното дистанцирање, луѓето мислат дека се е готово, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на брифинг во Женева.

Таа предупреди дека не е готово, и оти нема да биде готово сè додека вирусот не се искорени насекаде низ светот.

Харис додаде дека демонстрантите во САД исто така мора да преземат мерки на претпазливост.

Back to top button
Close