СЗО создава сопствена фондација заради финансирање на своите активности

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска најави формирање фондација што ќе и овозможи на таа организација да користи нови извори на финансирање.

Фондацијата на СЗО ќе биде независна организација која ќе дава донации и која ќе ги поддржува напорите на СЗО за соочување со најтешките глобални здравствени предизвици преку собирање нови средства од „нетрадиционални извори“.

САД го прекинаа финансирањето на СЗО оваа година, откако претседателот Доналд Трамп се пожали за начинот на кој ја управувале кризата со коронавирусот и обвини за пристрасност кон Кина.

Тедрос рече дека основањето на Фондацијата СЗО нема никаква врска со неодамнешните проблеми со финансирањето.

Според него, годишниот буџет на СЗО од околу 2,3 милијарди американски долари е многу мал за една глобална агенција. Исто така, како што рече, изворите на финансирање се премногу несигурни и се потпираат премногу на „флексибилно финансирање“.

Back to top button
Close