Тајната на Трамп: Кога политичките идеи ти се толку добри што на народот не му е важно што како човек си тешко ѓубре и расипан его манијак и осуден криминалец
Како човек, Трамп е расипано неподносливо ѓубре. Расист, его манијак, себичен кримос, автократ, неодговорен несериозен кловн, преварант, социопат а веројатно и психопат… Но веројатно пак ќе победи на изборите и по втор пат ќе стане претседател на САД. Како, зошто? Одоговорот е многу лесен, идеите што ги предлага, политичките идеи за кои се бори се толку добри што американците се спремни да го гласаат па макар и гласале за осуден силувач на жени, осуден кримос кој направил безброј даночни измами, оштетил иљадници луѓе со своите компании, направи државен удар и упад во Капитол се обиде да ги намести изборите 2020-та…
Неговите идеи се како вода во пустина за Американците.
Идејата да се затвори границата со Мексико затоа што од јужно американскитр држави доаѓаат милиони сиромашни латиноси кои работат за 5 долари на саат и го рушат пазарот на труд во САД поради што милиони Американци не можат да си ги прехранат фамилиите, е идеја која многу лепи кај милиони сиромашни необразовани Американци… Ова е адут кој го прави непобедлив.
Идејата да се намалат даноците за сите Американци кои плаќаат над 50% од своите приходи што федерални што локални даноци е голем адут на Трамп. Американците се уништени од даноците работат пола од денот за државата и им е преку глава од тоа. Американците сакаат да се вратат на времето каде се даваа давачки само за полицијата, судовите и мала војска и се друго остануваше во џебот на вредните Американци кои се воркохолици и фанатици за работа, но сега работат за разни програми за мрзливите кои седат дома и земаат социјална помош бонови бесплатно здравство бесплатни домови итн итн и од тоа на Американците им е преку глава.
Идејата да се прекине војната во Украина која ја чини САД стотици милијарди долари додека во САД мостовите паѓаат во реките, железницата е стара 100 години, нема бесплатно здравство и високо образование е еден од најголемите адути на Трамп. На просечен Американец кој врзува крај со крај ич не му е гајле таму што се скарале Путин и Зеленски за некоја пољана во Доњецк… Не му е гајле ни за други војни кои се водат во светот, со исклучок на таа во Израел, за Израел Американците се спремни да загинат сите до еден, причината за тоа е длабока, верска, продукт и на големата пропаганда на еврејското лоби во американското општество…
Идејата САД да се сврти кон себе и да престане да биде светски полицаец е многу привлечна идеја за Американците. На нив им е згадено САД да плаќаат за безбедноста на Јапонија и Германија кои се економски џинови и крадат работни места на Американците во авто индустријата, ИТ индустријата итн итн… Американците се чувствуваат измамени, тие да плаќаат за најголемиот воен буџет во светот додека Европа, Јапонија, Јужна Кореја си уживаат во мали војски кои се смешни во споредба со моќниот Пентагон…
Неговата идеја да се помири со Русија, Кина, Северна Кореја па дури и Иран е нешто ново во американската политика, на Американците им е преку глава од вечните конфликти и војни кои траат од втората светска војна па наваму, сакаат мир, сакаат САД да се врати во ерата пред втората светска војна кога си живееја спокојно со години додека во Европа си ги вадеа очите поранешните империи…
Идејата да се депортитаат над 10 милиони илегалци им е многу привлечна на Американците. Тие ги земаат ниско платените работни места во САД и се бават со криминал, не секој во САД има талент и знаење и образование и капитал да биде играч на берзите или менаџер или доктор или програмер, некој треба да вози камиони и да работи во ресторани и тие милиони работни места се украдени од Американците од милиони илегалци од цел свет кои некако доаѓаат во САД со туристички визи, студентски визи, илегално преку граници, итн итн…
Идејата да се засили полицијата во САД е привлечна за обичните Американци на кои им е збоктисано од беззаконието во квартовите каде полицијата не смее да влезе по 20 часот навечер, анти полициската црна пропаганда им ги врза рацете на полицајците кои не смеат да се бранат и мора да внимаваат дали да пукаат кога ќе бидат во опасност прави полицијата воопшто да не реагира за да не ризикуваат да бидат убени или пак тие некого да убијат некој да ги сними и да завршат во затвор иако пукале затоа што уапсените не ги почитуваат наредбите на полицијата туку си тераат како ќе им текне воопшто не ја почитуваат полицијата и не ги слушаат наредбите и насоките на полицајците.
Американците се загрижени и за идејата да им се одземат пушките и пиштолите во време кога полицијата е се повеќе пасивна па своите деца домови имот нема да имаат со што да ги бранат од разни банди и лудаци кои упаѓаат ноќе, крадат убиваат по домовите на Американците и во руралните средини каде полицијата и треба по 1 саат да стаса до домовите каде има инциденти, ако немаат оружје да се одбранат до тогаш цели фамилии ќе бидат ограбени силувани убиени запалени итн итн…
Идејата да се престане со војната против фосилните горива кои ги има во изобилие во САД и кои практично се бесплатни и САД да се свртат кон зелена енергија ги вади од такт милиони Американци. САД буквално спие на јаглен, дрво, нафта и гас, каде да набодеш стап во САД блика нафта, господ или природата ја дарила САД со многу ресурси и сега еко фанатиците се фрлаат под багери во САД за заштита на природата и тоа значи смрт за цели градови и региони во САД многу рудари и разни инженери и т.н БЛУ КОЛАР ЏОБС односно работничката класа се оставени без егзистенција а да не збориме и за цените на енергенсите кои се на нивото од нафтената криза пред 50 години кога за прв пат САД се соочија со страшни цени на енергенсите.
Едноставно Трамп е доволно храбар и луд да се бори за политиките кои во САД не се ИН, се ДЕМОДЕ, се ПОЛИТИЧКИ НЕКОРЕКТНИ и затоа Американците ќе го гласаат и ќе му простат и буквално ако застрела некого во глава среде бел ден на Тајм Сквер, нешто што самиот Трамп го призна пред 10 години и сега го гледаме и во реалност дека е така. Едноставно САД ќе мора да го пребродат Трамп, ќе мора да го прележат Трамп како висока температура, пролив, гасови, вирус итн, затоа што дел од неговите политики се предобри за да бидат игнорирани. А ние светот ќе мора да се навикнеме на новиот светски поредок според Трамп. Ќе мора да се навикнеме да ги трпиме новите локални диктатори, насилници, лудаци кои ќе почнат нови војни или ќе ги довршат старите а САД овој пат нема да се мешаат и да ги бранат малите немоќните, РЕАЛ политиката ама на локално ниво ќе царува, ќе настрадаат Тајван, Украина а веројатно и Молдавија, Балтикот, Јужна Кореја, Косово, Босна а можно е и ние да го изедеме стапот немиен.
Саше Ивановски