Талат Џафери примен на Инфективната клиника

Претседатателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е примен на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Скопје „Мајка Тереза“ пренесе „360 степени“ повикувајќи се на извори од ДУИ.

„(Примен е н.з.) на системска контрола. На тестирањето (за ковид-19 н.з.) е негативен – велат од ДУИ.

И од неофицијални извори, „360 степени“ дознава дека Талат Џафери бил негативен на тестот за ковид-19, но дека повеќе симптоми укажувале на присуство на вирусот. Тој e во стабилна состојба, но има пневмонија.

 

Back to top button
Close