Таравари: Димитриевски сѐ уште е во предизборна еуфорија

Министерот за здравство Арбен Таравари, смета дека лидерот на ЗНАМ, коалицискиот партнер во Владата – Максим Димитриевски сѐ уште е во изборна еуфорија и дека албанското знаме не треба никому да пречи, со оглед дека е официјално и за тоа не треба да се разговара.

– Мислам дека опозициските партии го злоупотребуваат ова. Додека Максим Димитриевски е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална и не може никому да му пречи. Ако тоа е причината за напуштање на владата, тој мора да одлучи – рече Таравари во емисијата „Дејли клик“ на тв 21.

Според него, Димитриевски добил гласови и од Албанци кога бил избран за градоначалник на општина Куманово.

– Пак ќе има избори и ќе ја смени реториката. Вчера кружеа фотографии на кои се гледа дека во неговиот кабинет има албанско знаме. Мислам дека тоа е повеќе популизам отколку сериозност – рече Таравари.

Димитриевски, претходно предупреди дека ЗНАМ ќе ја напушти владејачката гарнитура доколку се повтори ситуацијата од минатата недела.

Back to top button
Close