Таравари се сретна со Ковачевски на „Бихаќка“, разговарале за работата на Владата и патот на земјата кон ЕУ

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска во партиското седиште се сретнал со претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
Инаку, лидерот на Алијанса деновиве е актуелен во јавноста бидејќи негиовата партија сè уште се нема изјаснето дали на претстојните парламентарни и претседателски избори ќе настапи самостојно, дали ќе коалицира за опозициските партии на Албанците или, пак, ќе има заеднички коалициски настап со своите актулени коалициски партнери во Владата и Парламентот.

На средбата на „Бихаќка“, за која информираш Ковачевски преку објава на социјланата мрежа Фејсбук, било разговарано за реализацијата на програмата на Владата, динамиката на работа во наредниот период, а станало збор и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членство во Европската Унија и партнерството со Соединетите Американски Држави (САД).

„Наши заеднички цели на коишто посветено работиме како политичари и коалициски партнери се продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ и јакнење на стратешкото партнерство со САД. Тоа е наша обврска кон сите граѓани и кон иднината на државата затоа што Северна Македонија нема друга алтернатива освен европскиот пат“, напиша Ковачевски во објавата.

.

.

Средбата со експремиерот и лидер на СДСМ доаѓа и по објавата на претседателот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, кој синоќа во интервју за Радио-телевизија Косово (РТК) рече дека на Таравари му било предложено да биде претседателски кандидат на опозициските партии на Албанците.

„Да, разговарано е Таравари да биде кандидат за претседател и тој се смета за соодветен кандидат да биде кандидат Албанец на овие избори“,
изјави Касами во интервјуто за косовската телевизија.
Касами: Разговарано е Таравари да биде претседателски кандидат

Лидерот на Алијанса за Албанците денеска во куса изјава за држваната новинска агенција МИА потврди дека опозициските партии на Албанците разговарале тој да биде нивен претседателски кандидат на претстојните избори, но вели оти тој не е заинтересиран.

„Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран“,рекол Таравари за МИА.

Лидерите на трите опозициски партии на Албанците во земјава, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ и првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, пред неколку дена беа во Приштина на средба со косовскиот премиер Албин Курти и со претседателот на парламентот на Косово, Глаук Коњуфца.

Од средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Приштина / Фото: Кабинет на премиерот на Косово
Според соопштението објавено на веб-страницата на кабинетот на косовскиот премиер, на средбата, меѓу другото, се разговарало и за кандидатот за иден претседател на земјава. Четворицата партиски лидери од земјава предложиле следниот шеф на државата да биде од редовите на Албанците, кој „ќе го отелотвори соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Северна Македонија“.

Лидерите на „Европскиот сојуз за промени“ и Таравари се сретнаа со Курти во Приштина

Засега е сè уште неизвесно дали Алијанса за Албанците ќе настапи самостојно на претстојните избори, дали ќе коалицира со опозициските партии на Албанците или, пак, ќе има заеднички изборен настап со своите актуелни коалициски партнери во Владата – СДСМ и ДУИ.

И лидерот на АА, Арбен Таравари, и претседателот на Централното собрание на партијата, Зијадин Села, неодамна во засебни изјави кажаа дека Алијанса за Албанците треба да настапи самостојно на изборите, но дека конечната одлука по однос на ова прашање треба да ја донесе Централното собрание на партијата.

Таравари е за самостоен изборен настап на Алијанса за Албанците, но конечната одлука ќе ја донесе Централното собрание на партијата

Back to top button
Close