Таравари:  Со нов закон ќе се предвиди не само етничка застапеност, туку и правична застапеност на сите категории на луѓе коишто живеат во државата

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во одговор на новинарско прашање да го искоментира укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, рече дека бидејќи етничката припадност е уставна категорија, неопходен е нов закон.

-Уставниот суд за 100 дена реши да ги извади на површина проблемите кои седат со години, 4-5 години. Тоа се проблеми коишто треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е веќе уставна категорија. Се надевам дека набргу ќе има нов закон. Кога е уставна категорија треба да има и закон. Ќе има нов закон во којшто ќе се предвиди застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе коишто живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите на системот, во институциите на државата. Ние очекуваме, законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења коишто доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија и се надевам набргу ќе го процесуираме законот во Парламентот, рече Таравари.

Уставниот суд вчера на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Вицепремиерот Изет Меџити, пак, најави дека коалицијата Вреди ќе понуди решение за правична и соодветна застапеност.

Back to top button
Close