Таравари: Времето ќе покаже дали враќањето на Груби е договорено

Не верувам дека враќањето на Груби би било некаков потрес. Коинциденција или случајност е во ист датум се врати Мијалков. После пет години на истиот датум се врати Артан Груби. Добро е што се јави во судот и обвинителството и се надевам дека ќе има транспарентен и правичен судски процес, вели Арбен Таравари одговарајќи на прашањето колку враќањето на Артан Груби би предизвикало политички потрес во Македонија.

Според него, секој којшто згрешил пред законот треба да одговара.

-Не очекувам некакви спектакли. Лошо е кога луѓето бегаат од правдата, а во исто време можно е да излезеш невин. Но ако е виновен треба да одговара и точка – изјави Таравари на Трилинг.

Осврнувајќи се на тоа дали е можен договор помеѓу Груби, ДУИ и актуелната власт, Таравари се дистанцира од конспирации.

-Битно е дека г-дин Груби ќе се појави во судскиот процес, и треба да одговара или да ја докаже својата невиност. Не би сакал да влегувам во конспирации дали е договорено, дали позади неговото доаѓање стојат некои центри на моќ или некои политичари во Македонија. Времето ќе покаже. Јас велам дека добро е што се врати – вели Таравари.

За Таравари чудно е што после 14 месеци бегство од Македонија, Обвинителството, одреден дел од МВР и АНБ дале извештај дека не е безбеден во затворот и затоа е пуштен во домашен притвор.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close